1800-_Средновековна Библија

1800-_Средновековна Библија

Денес, во некои верзии на Библијата, ќе прочитаме дека во 1. век од Нашата Ера, на Свети Павле насон му се јавил „човек од Македонија“ и го повикал да им помогне ним. Тоа е релативизирање на напишаното во Библијата, поточно на името – Македонец.
Во оваа старословенска, средновековна Библија, се вели: „… На Павлe му се јави ноќно видение: Македонец застана пред него и се молеше, велејќи му: ‘Дојди во Македонија, помогни ни!’ И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието …“