1908_Илије Барбулеску – ‘Романците спрема Србите и Бугарите’, Белград

„… Сите овие словенски доселеници на територијата на Романија, за кои понекогаш ние Романците, заради лажните теории што ни се сервираат, мислиме дека зборуваат на бугарски, се главно работници и градинари што се доселени од Македонија и за себе си велат дека се Македонци, а не Бугари. …“ страна 94.

Книгата зборува за српско-бугарскиот пропагандистички судир околу Македонија. Романскиот писателот иако е просрпски наклонет во основа застанува на средина тврдејќи дека македонското прашањето е тешко определиво или неопределиво. На моменти иако не се согласува, споменува дека ги има кои ‘словенското население во Македонија’ го сметаат за засебен народ.

Во еден дел од книгите (после 90 страна) зборува за постоење на двојбите дали зборот Бугарин се поистоветува со Словен и се однесува и за Србите и сите други Словени.

 

 

1908_Илија Барбулеску – ‘Романците спрема Србите и Бугарите’, Белград