1903.05.08_.Весник Акрополис – интервју со Никола Карев, Атина

1903.05.08_.Весник Акрополис - интервју со Никола Карев, Атина
Уште на почетокот од разговорот:
Новинарот (Грк) прашува: — Вие сте Македонец?
Карев: — Да.
Новинарот: — …Исто ако Александар Македонски?
Карев: — Да.
1903.05.08_Никола Карев интервју за грчки весник

Интервју со претседателот на Крушевската Република за грчкиот весник „Акрополис“ од 8 мај 1903 година.

— „Македонец ли си?“, го прашувам.
— Да.
— И следователно Грк?
— „За ова не знам“, ми одговори, „јас сум Македонец“.
— „Непосреден наследник на Александар Велики?“, му велам иронично.
— Да.
— И Александар Македонски што беше, ве молам?
— Не знам, но историјата вели дека бил Грк.
— Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк.
— „Не“, ми одговори.
— „Тогаш“, го прашувам пак, „зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку Бугарија?“
— Која Бугарија, мислиш на Комитетот?
— Да.
— Ти одговорам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото наше срце.
— Бугарската заштита ја гледате само површно, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини.
— Хм! Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нè интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: „Си ја постигнуваме ли целта?“ Си ја добиваме ли нашата слобода? Не нè интересира дали ќе нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност.
— Добро, ако се ослободите, што сакате да бидете, автономна?
— Да, како што е во Швајцарија, во која трие различни племиња живеат во крајна хармонија и љубов.
— Да, но, знаете дека на таков начин вршите услуга на интересите на Панславистичката Етерија, чиј огранок е и Комитетот?
— Каква услуга вршиме?
— Како што се изјасни погоре Македонија е грчка земја, а ако секоја грчка земја бара да биде антономна тогаш доаѓа до ослабнување на Грција, а тоа го бара Панславистичката Етерија.
— Зошто го бара?
— За еден ден да нè пороби и нас и вас, и затоа сака да нè најде слаби за да го постигне тоа полесно.
Карев за момент изгледаше замислен. Јас побрзав да го прекинам молчењето.
— Зошто не сакате да се обедините со Грција?
— Затоа што ако не земе Мора (Грција) ќе стане една голема држава и следователно монархија. Во таков случај ќе произлезат многу зла — прво монархијата и тоа што произлегува од неа, а второ, Грција ќе нè натера да војуваме со Бугарија, нешто што (ние) не го сакаме.
— Вие што сакате?
Ми ја покажа капата:
— Сакаме република.
— Демократија и пријателство со Бугарија?
— Не само со Бугарија, туку со секој што ќе ни помогне да се ослободиме.
— Со Бугарија сакате да се обединете?
— Не, не!
— И ова ви го проповеда Комитетот?
— Да.
— Тогаш овој Комитет кој толку многу се грижи за вашата независност зошто не бара заштита од Грција која има повеќе должности да ве ослободи, туку клоните кон варварите?
— Да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек кој паднал во морето и се наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве молам, овој човек за да се спапи ќе се фати ли за сè што ќе најде во тој момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабниме со благодарност.
— Но, грчките првенци, свештеници и учители зошто ги убивате кога немате ништо посебно против никој?
— Ова се лаги. Комитетот не убива само Грци, туку и Бугари и Срби и Турци и секого кој предава.
— Ова се изговори за гревовите, уништивте многу грчки патриоти затоа што не даваа пари за вашиот Комитет.
— Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.
— Кои други?
— Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските атентати, б.м.).
Не можев да се воздржам и страшно се насмеав што предизвика љубопитност кај сопственикот Таску Квата, кој ми се приближи.
— Што ти вели? Ме праша.
— Тоа и тоа.
— Хм! Ама како ќе се види дека е Бугарин дебелоглавец, ако не беше Бугарин не ќе кажуваше такви зборови, особено сега кога и ѕидовите имаат уши.
— Да, да ова што ви го велам јас повтори Карев — едно дрво кое ја проби земјата и изникна, зошто да не го вадат сите за да порасне?
— Да.
— Да, но знаете со што го вади Бугарија. Со отров на омраза кон грцизмот.
— Како и да е ова вадење (полевање), не освежува и не натера да ги завртиме гранките кон онаа страна кон која, признаваме дека ништо не не поврзува и да бегаме од вас со кои немаме иста крв и иста историја; ова е на некој начин протест против грчкото интересирање (за нас).
— Ова што го велиш е резултат на бугарското вадење, зашто Грција никогаш не престанала да ве поддржува и со писменоста и со оружје.
И пак Карев не ми одговори.
— „И сега, по последните настани што мислите да правите?“, го прашав. (Се мисли на таканареченото Горноџумајско востание од есента 1902 б.м.)
— Ништо друго освен да ја продолжиме борбата.
— Да, но зар не знаете дека зад таа борба се крие борба подла и нечесна?
— Тоа нас не нè интересира, доволно е да си ја постигнеме нашата цел.
— Значи и со убиста?
— Штом се вршат за доброто на еден народ.
— Имате право какви учители имавте такви лекции научивте…
Карев пак не ми одговори, само стана и полека тргна кон неговата соба, додека зад него сите гости на хотелот на разни начини ги коментираа неговите зборови.