1924 « 1953_’Τα Παρακσηνια του Κ.Κ.Ε’ (‘Зад завесата на КПГ’ интервју со Тодор Паница)

„Кој ви кажа дека јас сум Бугарин Ние од ВМРО не сме Бугари! Ние сме Македонци! Треба да знаете дека нè навредувате кога ни велите Бугари!“
— Тодор Паница (1879-1925), следбеник на Сандански.

„Кој ви кажа дека јас сум Бугарин? Така мислите и Вие, како што мислат и илјадници? Ние од ВМРО не сме Бугари! Ние сме Македонци! Мора утре да ви ги објаснам овие работи, задолжително, штом и вие комунистите на Грција нè сметате за Бугари! Треба да знаете дека не навредувате кога ни велите Бугари!
…Ние сме Македонци, ова сакам да го сфатите! Ќе ја задржиме Пиринска Македонија под наша управа, привремено, како што ја имаме сега, зошто Цанков не се осмелува да нѐ нападне. И подоцна, заедно со КПБ, и вас од КПГ и КПЈ, ќе се стремиме за автономија на цела Македонија, за да направиме наша држава, како што ја замислуваше и првиот наш водач Сандански“.

(1924 год) Елефтериос Ставридис, „Τα Παρασκηνια του ΚΚΕ“ („Зад завесата на КПГ“), за прв пат издадена во 1953 година.

Понатаму, во овој разговор со грчкиот политичар Елефтериос Ставридис, Тодор Паница вели „Јане Сандански е Апостол на македонската нација. …ВМРО за време на војната имаше свој режим, скоро автономија на Пиринска Македонија… Ние се стремиме за автономија на цела Македонија, за да направиме наша држава, како што ја замислуваше и првиот наш водач Јане Сандански.“

Тодор Паница најблизок верен пријател и соборец на Јане Сандански, во интервју со грчки новинар изјавил:

„… Јане Сандански беше македонски националист. Тој тврдеше дека Македонците не се ниту Бугари, ниту Грци, туку посебна нација и сите тие се потомци на народот на Александар Велики и Филип Втори, кои исто така не биле Грци, туку нивни непријатели и тие ги поразиле и ги покорувале … “

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *