Во својата книга објавена во 1912 г. хрватскиот публицист Иван Мештровиќ пренесува разговор со Димитар Ризов во кој Димитар Ризов вели дека Македонците пред да станат Бугари или Срби – „не биле ниту Бугари, ниту Срби, туку – Македонци“ (македонски христијани), а отпосле станувале „Бугари“ или „Срби“ (тоа е 5 години пред издавањето на неговиот пропаганден атлас).
Понатаму, Ризов вели дека во егзархиските гимназии Македонците морало да бидат запишани и да се изјаснуваат како „Бугари“, но и дека пред да го продолжи школувањето, – „домашните му говореле дека се Македонци, без разлика што велат другите“…