1985_Стјепан Антољак – ‘Средновековна Македонија’, Том I, с.175, изд: Мисла – Скопје

 БУГАРСКИТЕ КРАЛЕВИ БИЛЕ МАКЕДОНЦИ- БУГАРИЈА БИЛА МАКЕДОНИЈА!

Стјепан Антолјак, Средновековна Македонија, Том први, Мисла, Скопје, 1985, на стр. 175, пишува:

„Но од сите овие писатели сепак најинтересен е Иван Кантакузен, кој наведува едно писмо од турскиот султан, упатено до него. Во тоа писмо овој владетел го нарекува не само крал на Грците, Бугарите, Власите, Русите, Албанците (Арбанасите, Р.И.) итн., туку покрај сето тоа: Симеон и дури ‘меч на Македонците’… Но тоа сепак не значи дека глосаторот тогаш глосатор од XV век, на страниците на една таква минијатура го ставил (покрај кирилскиот текст) изразот ‘De Cruma rege Macedonie’ и ‘Cruma rex Macedonie’. На една друга страна, пак, на минијатурата, под ликот на бугарскиот цар Иван Александар (1331- 1365) напишал дури: „Sanctus Johannes Alexander Macedo (Македонец- С.А.).“

Тоа беше обратна тенденција, зашто всушност во тој век Бугарија се идентификува со Македонија, која ја преовладува во својот назив како што оваа првава, како што тоа го потврдува хрватскиот писател од XVI век, хвараринот Винко Прибојевиќ.

Исто така ‘Легендата на св. Трифун’, заштитник на градот Котор, зачувана во ракопис во 1446 година, а настаната многу порано, кога говори за Самуиловите освојувања, остро ја разликува Бугарија од Македонија, додека споменатиот Прибојевиќ во своето дело ‘O podrijetlu i zgodama Slavena’ изнесува дури дека „Бугарија некогаш се нарекувала Македонија“. (Авторот е Хрват, а не Македонец- тој ѝ се одолжи на нашата Македонија!)

Risto Ivanovski

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *