1908_Allen Upward – ’The east end of Europe‘, pg.202-204, London

„… Во Владово (Воденско), првото село, стигнавме по 2 часа јавање… Побарав да го повикаат човекот кој изгледа беше водечки човек на тоа место и тој дојде во стражарската куќичка и слободно одговори на моите прашања во присуство на еден турски капетан. Прашав на кој јазик зборуваат тие, а мојот грчки преведувач невнимателно преведе ‘булгаре’, а човекот всушност рече ‘македонски!’. Јас го свртев вниманието кон тој збор и сведокот објасни дека тој не го смета селското наречје што се употребува во Македонија за исто со бугарскиот јазик и одби да го нарече со тоа име. Тоа беше македонски, збор што тој го изговори во неговиот словенски облик – ‘македонски’. …“

Посочил: Пољакот од Македонија