1902.11.29_The New York Times – Atrocities in Macedonia

„… ЅВЕРСТВА ВО МАКЕДОНИЈА
Селаните биле ужасно измачувани од Турците — Жртви од тепање по табани и осакатени за цел живот.

Лондон, Сту. 29.— Беше добиена поштенска вест од Цариград под датумот на Студен 24 во која се вели: И покрај званичните негирања, Портата применува варварски методи во совладувањето на македонските селани. Настапи зимата и заврши опасноста од револуционерните банди. Сепак турските власти се чини дека сметаат дека тоа е време за да делуваат.
Наспроти ветувањата за слободна амнестија за тие кои ќе се вратат по домовите. Христијанските селани беа шокирачки измачувани за да се принудат да ги издадат тајните складишта со оружја или за да дадат податоци кои се однесуваат на работата од Македонските Комитети. Тепањето по табани често било применето се додека жртвите не биле инвалидизирани за цел живот, нивните стапалa биле мавани до смачкување од турските војници. Селаните исто така биле обесувани со петиците кон таваните и зовриени јајца им биле ставани во пазуви.
Дури и свештениците не биле поштедени, додека војските отворено ги ограбувале селаните, кои се доведени до очај. …“

„… ATROCITIES IN MACEDONIA.
Villagers Being Horribly Tortured by
the Turks—Victims of the Bas-
tinado Crippled for Life.
LONDON, Nov. 29.—Mail advices received
here from Constantinople under date of
Nov. 24 say:
x “ In spite of all official denials, the Porte
is adopting barbarous methods in crushing
the Macedonian peasants. The Winter has
set in, and the danger from revolutionary
bands is over; yet the Turkish authorities
seem to think that the time has come to
act.
” Tn the face of promises of free pardon
to those who returned to their homes. Chris-
tian villagers have been shockingly tor-
tured to make them betray alleged con-
cealed depots of arms or give information
regarding the working of the Macedonian
Committees. The bastinado has been fre-
quently employed until the victims w^re
crippled for life, their feet being beaten to
a pulp by Turkish soldiers. Peasants are
also hung by their heels to the ceiling, and
• boiling hot eggs are put in their armpits.
” Even priests are not spar’ed, while the
troops openly plunder the peasants, who
are being driven to despair.”

The New York Times
Published: November 29, 1902
Copyright © The New York Times
…“

Посочил: Ѕале