1903.02.15_The New York Times – Bulgaria against IMRO

„… БУГАРИЈА МУ ДАВА ПРЕДНОСТ НА МИРОТ.

Ги Растура Македонските Комитети и Апси Многу Агитатори.

СОФИЈА, Бугарија, Сеч. 14.— Званично е објавено дека Владата одлучила да ги растури Македонските Комитети во Бугарија и да постави силен воен кордон покрај македонската граница, со тоа да ја прикаже бугарската спремност да ги исполни меѓународните обврски.
Претседателот Михајловски од Централниот Македонски Комитет, Генералот Зојчев заменик Претседател; Претседателот Станчев од Сарафовиот Македонски Комитет и многу други биле уапсени.
Г. Данев, Премиерот, ги објави во Собранието, (Национално Заседание) денес, мерките кои доведоа до апсење на главните офицери од Македонските Комитети и додаде дека деловниците (канцелариите) на Централниот Македонски Комитет биле заземени и дека сета документација била одземена. Тој рече дека растурањето на Македонските Комитети во покраините било направено без спротивставување.
Македонците се повикани на масовен собир утре за да негодуваат против дејствата на Владата и за да бараат ослободување. …“

На почетокот од 1903 година, неколку месеци пред Илинденското Востание, бугарската Влада им задава силен удар на македонските комитети во Бугарија. Ги напаѓа и двата комитети и Централниот и Врховниот овде наведен како Сарафовиот. При тоа јасно се гледа дека нападот кон Врховниот (создаден од бугарската Влада) е значително послаб. Многу посилен удар добива Централниот Комитет (создаден од претставници на македонскиот народ).

 

Неколку појаснителни реченици: За оние на кои не им е познато – Борис Сарафов е поставен како Претседател на Врховниот Комитет. Во прво време тој себе си се смета за Бугарин и работи за припојување на Македонија кон Бугарија. Поради разните врски со македонските борци за слобода и  македонскиот народ тој ќе го смени ставот ќе се искажува само како Македонец и ќе остане доследен на македонската линија. Од таму и разните негови изјави по светските весници каде што се чита неговото изјаснување само како Македонец и каде зборува исклучиво за создавање на независна македонска држава. Така што во тој втор период ќе настане нешто поголема соработка меѓу делумно одметнатиот Врховен со Централниот Комитет. Се разбира бугарската Влада нема да дозволи тоа така да се одвива. Така што Сарафов ќе биде сменет од раководната позиција. Тој ќе остане во Врховниот комитет но ќе гради блиски односи и со Централниот Комитет.

Зошто е Борис Сарафов убиен? Не поради пробугарска настроеност затоа што тој ги поправил тие свои ставови туку поради неодговорно и расипничко однесување. Живеел исклучително господски, патувал низ цела Европа, стално ги менувал своите желби. Поради неговите патувања, во Европа, бил најпознат од сите други македонски водачи. Во Сант Петерсбург започнал да студира за лекар, по некоја година се предомислил и се префрлил да студира за воен старешина. На крај го напуштил и тоа. Сето ова на трошок на Организацијата.
Најмногу во поглед на Илинденското Востание покажал неодговорност со изнудување за почеток на востанието без поширока согласност, што ќе доведе на востание да се кренат помал дел од воените сили на Организацијата. Кога после Илинденското Востание ќе се врати во Софија таму ќе биде третиран за херој. Додека населението во Македонија ги трпи турските репресалии Сарафов ќе живее како херој. Сето ова за Јане Сандански ќе биде премногу за да се трпи така што ќе организира негово убиство кое ќе биде извршено во 1907 година.


„… BULGARIA FAVORS PEACE.

Dissolves Macedonian Committees and
Arrests Many Agitators.
SOFIA, Bulgaria, Feb. 14.—It is officially
anoɪɪneed that the Government has decided
to dissolve the Macedonian Committees in
Bulgaria and place a strong military cor-
don along the Macedonian frontier, thus
demonstrating Bulgaria’s readiness to ful-
fill her international obligations.
President Michaelovski of the Central
Macedonian Committee, Gen. Zoutcheff, the
Vice President; President Stantcheff of the
Sarafoff Macedonian Committee, and many
others have been arrested.
M. t)anew, the Premier, announced in the
Sobranje (National Assembly) to-day the
measures which led to the arrest of the
chief officers of the Macedonian Commit-
tees, and added that the offices of the Cen-
tral Macedonian Committee had been seized
and all the papers there confiscated. He
said the dissolution of the Macedonian
Committees in the provinces has been ac-
complished without opposition.
Macedonians have been summoned to a 5
mass meeting to-morrow to-protest against
the action of the Government and to de-
mand the release of the prisoners.

The New York Times
Published: February 15, 1903
Copyright © The New York Times …“

Посочил: Ѕале