1905.03.03_The Hebrew Standard

Цитат: „Најчудното знаме под кое човек било кога се борел е тоа на македонските востаници. Црвено е од една и црно од другата.“

Ако некој ви вели дека за Илинденското востание се користело бугарското знаме. Можно е затоа што имало врховистички, па и доброволечки чети од Бугарија. Подразбирливо дека некои од нив го носеле со себе и можно е да постои слики каде се сликале со бугарското знаме. Бугарија била единствена можна територија за логистичка поддршка во македонската борба за ослободување од Турците. Но оди докажи му на негаторите.

Затоа треба да му се покаже дека црвено-црното е веродостојното знаме на ВМРО од востанието. А тоа не може да биде бугарско, затоа што ја има црната боја и отсуствува зелената. Зелената боја е превладувачка боја во бугарскиот фолклор. Додека во македонската традиција скоро целосно отсуствува. Во повеќето македонски краеви и тоа сѐ до модерно време употребата на зелена боја предизвикувала потсмев. Ретки се македонски краеви каде зелената боја се употребувала.

Изворите од странските весници веднаш после востанието несомнено ја докажуваат вердостојноста на црвено-црното знаме како знаме на ВМРО и на востаниците.

Бугарските доброволечки и врховистички чети во Македонија повеќе иделе на авантура. При првото згустување на состојбите ќе ја спраштеле за Бугарија. Вакви изјави има од повеќе македонски војводи кои негодувале дека само го палат населението, му даваат лажна надеж, а во борбата од нив нема некоја голема корист.

Уште еден новинарски доказ за двостраното црно-црвено знаме.

Како што пишува во новинарскиот запис црната боја е заради црнината на турското ропство во кое тогаш Македонија се наоѓала. Кога Македонија ќе се ослободи, знамето ќе се смени со отстранување на црната боја. Така ќе остане само црвената боја. Како што и навистина е денес, кога турското ропството е завршено, знамето е само со црвена боја како основа.

Посочил: Македон Хегемон