1907(-)_Борис Сарафов за виенскиот дописник на ‘Information’

Борис Сарафов направил значајни изјави за дописникот на Информација во Виена. Тие може да се соберат во неколку клучни заклучоци:

1. Македонското движење не е бугарско движење, Македонците составуваат уникатна (посебна) националност коишто не сакаат да бидат припоени во Бугарија, ниту во Србија, ни во Грција.
2. Недоразбирањето доаѓа од таму што македонското делување ја има Софија како свое средиште. Избркани од Бугарија, Македонците бегалци во Швајцарија стануваат сомнителни како да сакаат да ја припојат нивната земја кон хелветската (швајцарската) република.
3. Русија би и дошла на помош на Македонија само за да го оствари сопствениот план за освојување на Константинопол. Таа не сака да издигне туку да потчини. Македонското движење мора целосно да биде одвоено од секакво русофилско дејствие.
4. Не треба да подлежи ни на Австро-Унгарски влијанија, иако опасноста од освојување на земјата од оваа страна е помала отколку од руската страна.
5. Критичарите ги набедуваат Македонците за загрозување на мирот во Европа, тоа ги остава рамнодушни, тие не се чувари на овој кревок мир и Европа треба само да ги спроведе обврските од договорот, како што е правилно и е нејзина должност.