1903.10.24_The World’s News – Macedonia and its glorious military history

Македонија и нејзината славна воена историја

Во секоја војна за слобода која го одбележа развојот на еманципацијата во Југоисточна Европа, Македонците земаа учество. Македонците се бореа рамо до рамо со Грците за време на долгата и горчлива борба за грчката независност. Кога Србите се побунија, Македонците поитаа преку планините за да им помогнат; кога бугарскиот бунт избувна, Македонците веднаш застанаа рамо до рамо со нив, за да се борат, и доколку е потребно – да умрат со луѓе од друга раса, со коишто немаат ништо заедничко, освен омразата кон турскиот јарем. Македонците го поддржаа секој револт во Европска Турција за последните три века; тие испратија луѓе да се помогне на секој бунт кој ветуваше успех. Грците, Србите, Бугарите, па дури и Ерменците се нивни должници, но самите Македонци (како што вели еден американски писател), иако помагале на другите, сè уште се под власта на дивјакот којшто речиси 1000 години е распослан на два континента.

Не е чудно тоа дека Македонците треба да се побунат. Ќе биде чудно доколку не го направеа тоа. Слободни, храбри, слободољубиви луѓе, тие со векови биле подложени на најгрозните, најодвратните, најиритирачки пакости, познати во светот надвор од границите на Турската империја. Политичкиот деспотизам е доволно неподнослив, верскиот – исто, но во турското владеење ги има и двата. Еден голем англиски писател еднаш рече – во суштина луѓето би можеле да импровизираат и да живеат под тивка тиранија, но човечката природа е таква, да не може да поднесе туѓо тело, напасник. Турската влада е таков подол тиранин, толку упорен, толку наметлив, толку проблематичен во секојдневниот живот, што секако го прави неподнослив. Македонците не секогаш беа робови на околните помоќни нации. Србите гордо се сеќаваат на деновите на своето царство; Бугарите – на периодот кога заземаа поголем дел од Балканот; Грците се сеќаваат на златното доба кога му ја дадоа на светот својата уметност, писменост, наука и филозофија. Македонија исто така има славно минато, кога на рамнините и долините, на планинските падини и карпи на земјата што сега е составен дел од вилаетите на Солун и Битола, се родија мажите кои појдоа да маршираат до сигурна победа под водство на Александар Велики.

Брзиот раст на моќта на македонската власт за време на краткото владеење на Александар беше една од легендите на светската историја. Од релативно мала држава со неповолна местоположба, без природни граници и подложна на напад или упад, немајќи ниту уметност, наука, писменост, Македонија стана најмоќната империја на светот, и тоа се случи за многу кратко време, што ги прави околностите така фасцинантни и извонредни, како да читаме ориентална бајка.

Империјата на Александар падна веднаш по неговата смрт, од истите причини кои доведоа до пад и на Персија. Немаше кохерентност помеѓу различните елементи што ја сочинуваат, и штом главниот ум беше отстранет, целата држава пропадна. Но, Македонците никогаш не заборавија на својата славна историја и македонските оратори до ден-денешен, со цел да ги поттикнат на бунт против Турчинот, ги потсетуваат своите слушатели на битките кај Граник и Ис, со песни за Aрбeлa и смртта на персискиот цар.