1878_Fanny Janet Blunt – ’The people of Turkey‘

Често пати грчките пропагандисти користат податоци кои во негирањето на македонскиот народ ги претставуваат како да се во нивна полза но при подобар преглед излегува дека тоа воопшто не е така. Еве еден таков извадок:

Во Тракија и Македонија, каде хеленската крв и својства преовладуваат и хеленското влијание посилно се чувствува, луѓето себе си се нарекуваат Тракијци и Македонци, повеќе отколку Бугари; Грчкиот јазик во школите, црквите и дописите се претпочита во користењето споредено со бугарскиот.

За нас е важно што во Македонија имало некои кои себе си се нарекувале Македонци како што и во Тракија Тракијци, а не се нарекувале Бугари или Грци. Тоа што авторот го припишува на хеленската крв, јазикот на населението како бугарско тоа е негово мислење и очигледно погрешно. За пример во светската наука за Тракијците не се ни спори дека НЕ БИЛЕ Хелени. Што докажува за неговото погрешно сфаќање.
Онаму каде што имало поголема доза на зачувана древност кое писателот погрешно го нарекува Хеленизам таму го зачувале себеопределувањето како Македонци и како Тракијци.

Додека поголемото присуство на грчкиот јазик во училиштата, црквите и службените дописи тоа е сосема согласно со нашите македонски гледишта дека на тлото од македонското население во тоа време (1878 г.) владеела грчката фанариотска пропаганда овозможена од турските власти. Самото издвојување на присуството на грчкиот јазик во званичните сфери докажува дека постоела спротивност односно дека друг бил јазикот кој го користел обичниот народ. Тој може да го нарекува бугарски, но тие како што пишува самиот писател не сакале да се нарекуваат Бугари туку Македонци. Очигледно е погрешното толкување на писателот.
Толкувањата на творците на пишаните дела може да бидат мислење под влијание на разни влијанија, многу често на тековните политики, но за правилно толкување клучни се фактите кои протекуваат. Како фактот дека тие себе си се нарекувале Македонци.

Тие Македонци не сакале да се нарекуваат Бугари како што вели самиот писател, но тие не можат да бидат ни Грци кои се нарекувале Македонци односно грчки Македонци. Затоа што освен кај некои грчки скоро сите други извори тврдат дека во тоа време во Беломорска Македонија убедливо преовладувало словенското население. Слика која ќе се измени со протерување на Македонците, Турците и други народи и на нивно место доселување Грци од Турција.
Впрочем, во средината на 19 век српското кнежевство и грчкото кралство долго време со десетлетија не можеле да го договорат сојузот за истерување на Турците од Балканот затоа што грчката страна никако не сакала да се откаже од Македонија заради стопанските ресурси кои ги има за прехранување на Грција, а српската страна не можела тоа да го дозволи затоа што знаела дека во Македонија преовладува словенско население од 2 милиони жители (податок од интернет страницата на српското МНР).

Извор: Σικαγιοτις