1901 « 1909_П. А. Ритих – ’Низ Балканот, Дел II Низ Македонија‘, С. Петербург

„… Како глава на манастирот многу долго бил отец Језекиил, местен домородец, човек со висок степен на чест и побожност, кој стоел настрана од агитациите, како српски така и бугарски. Тој се сметал себе си за чистокрвен Македонец и не се признавал ни за бугарин ни за србин. Целото негово семејство било полно со такви исто како и тој, селани кои го гледале своето потекло со очите на својот игумен.

неговиот одговор било тоа што тој е чист македонец, домороден од Башино село и не умее да зборува на бугарски, ни на српски, а зборува на македонски. …“

 

Посочил: Пољакот од Македонија