1922_Hermann Wendel – ‘Kreuz und quer durch den slawischen Suden’

Херман Вендел во Ресен, 1920-тата…

„… Рој момчиња околу автомобилот…
– Добро, што си ти? – Запрашав едно од нив. Тој погледна срамежливо и неразбирливо.
– Тој е Турчин, викна хорот.
– Аха? (до хорот) А Вие?
– Македонци! – испукаа, како од пушка.“

На прашањето од патеписецот „што се“ одговорот бил: „Македонци!“

Херман Вендел (1884–1936) е германски историчар, политичар, публицист и патеписец, којшто околу 1920-тата г. престојувал на Балканот, за коешто напишал и книга. Многу објективно ги опишува состојбите во Македонија во тој период. Во книгата опишува еден занимлив настан од својот престој во Прилеп, околу 1920-тата година.

„На мостот млади луѓе си играат, едниот не се срамеше запрашан:
– Јас сум Србин, но они (покажува на другите) дека се Македонци.
– Од каде си?
– Од Ниш.“

Понатаму, Србинот вели дека самиот тој е стар Србин, а другите се „нови срби“ (односно, допрва треба да станат „срби“).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *