1941.04.23_Waikato Independent, pg3, New Zealand

„… Македонците, таа издржлива раса, беа најгласни во протестите против потчинувањето кон [Хитлерова] Германија.
Повеќе од 100 години, тие [Македонците] ги издржаа напорите на Турците, Грците, Бугарите и Југословените, да ги асимилираат. Тие се ултрапатриоти, македонски патриоти и меѓу најголемите борци во Европа. Иако окупирани и поделени, тие остануваат Македонци, иако Македонија веќе ја нема. Тие се потсетуваат на последната војна и ги мразат Германците. Тие ја мразат и Италија. Ги мразат и властите во Белград. Едно време се заколнаа на верност кон Бугарија, којашто им ветуваше автономија, но сега ги мразат и бугарските владетели. …“

Посочил: Портал Денешен

Извор: Papers Past