1916.05.12_The Grenfell Record & Lachlan District Advertiser (NSW, Australia)

М. Генадиус, грчки министер во Австралија на некое предавање кое го држел господинот Пембер Ривс се обратил зборувајќи дека Бугарите учат во школите дека Александар Велики бил Бугарин. Според таа историја, Македонија била татковината на Бугарите.

Аристотел бил Бугарин исто така, бидејќи бил роден во Бугарија. Навистина неговите пишувања биле на грчки, но тој пишувал на грчки со цел да ги просветли дивјаците на југ, но всушност неговата права националност била Бугарин.
Тој ги уверувал неговите слушатели дека вакви нешта има во школските учебници во Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *