1917.03_Македонски Револуционерен Комитет, Петроград

1917.03_Македонски Револуционерен Комитет, Петроград

Македонскиот револуционерен комитет, претставува македонска национална асоцијација основана во март 1917 г., од македонски иселеници во Петроград, Русија. Создадена е на поттик на докажаните македонски родољуби Димитрија Чуповски, Гаврил Константиновиќ, Антон Пешкоски – Доне (од село Тресонче, Гостиварско, 1890–1942), Глигор Угриновски (родум од Кичевско) и др.

Федералистичката концепција на Комитетот се залага за урнување на монархиите на Балканот и за создавање на Балканска Федеративна Демократска Република, којашто, како потполно рамноправни единки би ги вклучувала: Македонија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Тракија, Хрватска и Словенија, на чело со еден Претседател, Сојузна влада и Совет којшто би претставувал замена за Претседателот.

Откако, по Првата светска војна, Македонија завршно била разделена на три дела од страна на окупаторите, Комитетот одлучно се изјаснил за нејзино повторно обединување.