1919_Никола Пашиќ

Никола Пашиќ, писмо од Париз, до Стојан Протиќ
„… Пупин (Мијахло) сака да се најде овде во времето кога ќе се решава за исправките на нашата граница спрема Бугарија, бидејќи сега има силна пропаганда во корист на Бугарија, а мисионерите и професорите на Роберт – колеџот водат жестока кампања за автономија на Македонија. …“ 

На одвоена консултативна седница на Југословенската делегација во Париз одржана на 2 мај 1919-та година се расправало за Вилсоновиот план за Балканот и на крајот биле усвоени неколку заклучоци по кои треба делегацијата да решава.
Во заклучоците, во шестата точка, се зборува за македонското прашање.
„… г. Бошковиќ соопштува дека според информациите што ги има барем до извесна мера во Америка, таму се шири идеја за автономија на Македонија. Ако Вилсон ја прифати таа идеја и со неа излезе во јавност, ќе биде многу тешко состојбата да се врати назад. Затоа би било потребно на некој начин да се спречи Вилсон во тоа, зашто нашето кралство никогаш не би се сложило со таа комбинација. Би требало за ова да му се каже на Пупин, кој се интересира за ова прашање. …“

 

Пред и за време на Букурешката Мировна конференција после Балканските војни, поради писма и разни други облици на барања од Македонците во САД, исто така и со влијание на научникот Михало Пупин тогаш во дипломатска служба, американскиот Претседател Вудро Вилсон ќе се залага за автономија на Македонија. Покрај дипломатиите на балканските држави, американските заложби за правилно решавање на македонското прашање ќе бидат кочени и од британската дипломатија.

 

Посочил: Портал Денешен

close-link
mk_MK