1924_Огранок на МПО – ’Александар Велики‘, Лорејн – Охајо

Огранок од организацијата на МПО во градот Лорејн (САД), создаден во цутар 1924 година, го носел името ‘Александар Вели­ки’. Огранокот имал знаме на кое биле прикажани името и ликот на Александар. На Собра­нието на оваа организација зборувал и тогашниот секретар на МПО, Михаил Николов. Претсе­дател бил Никола Ме­ла­нов од Костурско, а во рако­водството биле Трајче Вангелов (исто така од Костурско), секретар Иван Томев (од с. Брајчино Преспанско).
Мнозинството членови на оваа организација биле Маке­донци од преспанските села.

Посочил: Портал Македонска Нација