-0000~_Различни древни писатели – за самобитноста на древните Македонци

Неколку древни писатели за народносниот состав и простирањето на Македонците и Македонија.

„Исто така постои и Горна Македонија, која се состои од другите народи Линкестијците и Елимиотијците, кои се сојузници и поданици на Долна Македонија, но ги задржуваат своите локални кралства. Она што сега е крајбрежна Македонија за првпат го доби таткото на Пердика Александар и неговите предци, кои потекнувале од Теменидите од Аргос.“

Херодотова историја, Матица српска, Нови Сад 1988, книга 7, 173, 196, книга 8, 279, 280.

 

„Кон родот на Македонците припаѓаат исто така и Линкестидците и Елимејците и другите народи од повисоката област, кои, како во сојуз со поблиските Македонци и потчинети на нив, имале нивни сопствени кралеви. …. Овие Македонци, исто така, се сториле себе си господари на одредени места, кои сѐ уште ги контролираат, сопственост на други народи, имено на Антем, Грестонија (Крестонија), Бисалтија и голем дел од самата Македонија. Но целиот регион сега се вика Македонија, а Пердика, син на Александар, бил крал кога Ситалк ја нападнал.“

Thukydides, The Peloponnesian War, Oxford World’s classics, 127.

 

„И, всушност, реоните околу Линкос, …ија, Орестија и Елимеја се нарекувале Горна Македонија, иако подоцна биле наречени Слободна Македонија. Но некои одат до таму, што целата област ја нарекуваат Македонија, дури до Коркира (островот Крв, з.м.),6 истакнувајќи го како основа на тоа, дека начинот на живот на неговите жители е сличен во исечената коса, кратката наметка и јазикот, и во други слични работи, иако, како што додаваат, некои ги зборуваат двата јазика.“

Страбон, книга 7, глава 7, 8.

 

„Тоа, кое денес се нарекува Македонија, некогаш се нарекувало Ематија. А денешното име го добила од Македон, еден од нивните древни водачи. Имало и град Ематија, близу до морето. Сега само дел од таа територија ја владеат некои од Епиротите и Илирите, но поголениот дел е во владеење на ботиеите и траките.“

Страбон, книга 7, фрагменти, 11.

 

Посочил: Портал Пелагон