1917_Рудолф Арчибалд Рајс – ‘Страдањата на градот Битола’

Слика преземена од книгата на Арчибалд Рајс – „Страдањата на градот Битола“ (1917). На неа е прикажано семејство убиено во напад со отровен гас.

Рудолф Арчибалд Рајс (1875-1929) е истакнат швајцарски правник, форензичар-фотограф и професор на Универзитетот во Лозана.

Како стручњак по меѓународно воено право, а подоцна и како доброволец во српската војска учествувал и на Солунскиот фронт. Тој 1917 г. ја објавил сликата, и за настанот пишува: „Ноќта меѓу 16 и 17 март [1917], бугарско-германската артилерија почна да фрла проектили со задушувачки гасови по средина на градот. Од ракетите, таа ноќ загинаа 19 луѓе, а од гасните проектили, загинаа 62 лица. Меѓу вториве, 25 беа жени, а 32 – деца. Од овој датум, проектилите со отровни гасови паѓаат секој ден на сите делови на несреќниот град. Непријателите ги пуштаат ноќе, така што сиромашните жители, во спиење, да не можат да се спасат.“

Посочил: Види Види