1842.06_Br. E. A.Bonfacoes – Romaic Grammar

Во оваа „ромејска“ граматика можеме да прочитаме дека во 1820-те само ¼ од Грците се чувствувалe Хелени. Грчката висока општествена каста го претпочитала ромејското национално име.

Променливоста на етничката и националната самоопределба во минатото / Variability of ethnic and national self-identification in the past

Привремената и делумна употреба на некое политичко име кај некој народ (наместо традиционалното етничко), како еден вид национална самоидентификација, вo 18. и 19. век било сосема нормална појава… Toa неретко ce cpeќaвa и денес. Илјадници примери го поткрепуваат фактот дека етничката свест и националната oпределба во минатото биле, а и денес се менливи.

Во 17, 18 и 19 век мнозинството Грци го претпочитале ХРИСТИЈАНСКОТО РОМЕЈСКО (источно-римско или тнр. „византиско“) наследство пред своето ПАГАНСКО ХЕЛЕНСКО потекло. Националните идеали биле возобновување на ромејското „византиско“ царство итн., па ПОЛИТИЧКИ се нарекувале Ромеи (Римјани, Рум-милет), а и нивниот јазик – ромејски (римски).

Дури отпосле, во втората половина на 19. век, доаѓа идејата кaj Грците, византиската традиција и наследство да се спои со елинистичката, какo продолжение. Така, покрај елинската, Грците ги присвојувале и краделе древно-македонската, тракиската и други култури.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *