1951.08.13_Петте струмички студенти

Погинати за независна и обединета Македонија.

Името „Петте струмички студенти“ или „Струмичката петорка“ се однесува на струмичаните Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Стево Топчев на возраст од 18 до 23 години, кои на 13 Житар 1951 година биле убиени на планината Беласица од страна на комунистичките власти во Струмица на тогашната социјалистичка Народна Република Македонија. Тие биле студенти во Белград, Скопје и Загреб, а биле убиени под образложение дека сакале нелегално да пребегаат во Грција. Струмичани отсекогаш го отфрлаат ова толкување и тврдат дека студентите биле киднапирани и убиени од местните безбедносни служби затоа што биле сметани за политички дисиденти, блиски до идеалите на ВМРО за независна и обединета Македонија.
Нивната жртва како и на илјадници други Македонци влегува во темелите на независната македонската државност со слободна македонска нација како носител на нејзиниот суверенитет.