0482-0484_Јустинијанов Законик (забрана на Хеленизмот)

Уште на почетокот од Источното Римско Царство со додаток кон Јустинијановиот Законик забранет е Хеленизмот како паганска религија нескладна со христијанската теократија на Ромеја.
Ако во илјада години постоење на Ромеја, a потоа уште пет стотини Турско владеење немало Хеленизам тогаш за сето тоа време не може да се зборува за постоење на Хелени.

 

Се поставуваат неколку прашања: Прво од каде никнаа Хелените кои се укинати во петти век и ги немало сѐ до 19 век. Второ како денешните жители на Грција можат да бидат и христијански Грци и пагански Хелени. Трето зошто во современата светска историја поимот Хелен се третира како синоним со поимот Грк кога немаат исто значење!? Хеленизмот бил религиско-филозофски правец кој се раширил по целото Средоземно крајбрежје. Додека поимот Грк означува етно-национална определба. Четврто Не се совпаѓа ли сето ова со обичајот Турците денешните Грци да ги нарекуваат Ромеи, а не Хелени!? А не се нарекувале ли и самите Грци себе си Ромеи на почетокот од националното освестување (пред да се замеша западноевропската хеленистичка романса) и се стремеле за обнова на Ромеја, а не на Елада!? Петто погоре наведеното ја образложува грчката национална стратегија од основањето на современа Грција, па до денес – за да се биде Грк нема потреба од постоење на крвна врска, доволно е личноста да се чувствува и изјаснува како Грк и по вера да биде православен христијанин.

 

Сето ова ја докажува бесмислата Грција да бара од Македонците национални услови кои самите воопшто не ги исполнуваат. А можеби токму затоа.

Посочил: SamuGun