2018_Јордан Костадинов – ‘Жестокоста на бугарскиот национализам и неговите слуги против Македонците’, Штип

2018_Јордан Костадинов - 'Жестокоста на бугарскиот национализам и неговите слуги против Македонците', Штип

Книга на Јордан Костадинов еден од најистакнатите борци за човековите права на Македонците во Пиринскиот дел од Македонија.

„… Во периодот по 1950 година во Пиринска Македонија се одржани неколку политички процеси на малолетни младинци од 16-17 години, кои формирале македонски илегални организации. … Осудените младинци беа испраќани во воспитните домови во Бојчиновци. Некои од нив се: младите од село Катунци и село Јаново: Димитар Бундов и Благој Гуштеров, како и Венко Темеќаров од гимназијата „Гоце Делчев“. Од гимназијата во Сандански беа: Методи Григоров Божков, Младен Александров Глухарски, Стојко Василев Давчев и други. …“