1941+ « 1990+_Книга за Методија Андонов Ченто

1941+ « 1990+_Книга за Методија Андонов Ченто

… Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците …“

Како и што е вообичаено скоро во секоја револуција, набрзо после НОБ и Втора Светска Војна врвот на социјалистичката власт во Македонија ја превзеле жедните за власт, оние кои глумеле комунисти, а ги истиснале правите борци за национална и друштвена слобода. Таа социјалистичка власт не само што не ја измисли Македонија и македонскиот народ, туку со сета сила го потиснува македонското родољубие. Еден од најдобрите изговори при отстранувањето на правите македонски национални борци било измислувањето на пробугарска настроеност. Повеќето од нив меѓу другите обвинувања биле оптужувани и осудувани за сепаратизам кон Бугарија. Бугарската пропаганда тоа го користеше за прикажување на присуство на пробугарски чувства. Но социјализмот пропадна, а поголемиот број од родољубите-херои во социјализмот осудени на десетици години затвор преживеаа и имаа можност самите тие или нивните семејства да ги опишат тешките времиња на преживување во услови на тоталитаризам. Така во нивните животописи никаде нема ни Б од бугарштина, читаме само за непопустлива борба за права и слободи, независност и  обединување на македонскиот народ.