1977_Јован Павловски – ‘Судењето како последен пораз’ (судење на окупаторски началник)

1977_Јован Павловски - 'Судењето како последен пораз' (судење на окупаторски началник)

„… Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било бугарско царство …“

Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скопје, за време на бугарската окупација (1941-1944), одговарајќи на прашањата од тужителoт за методите нa бугарската власт во Македонија за всадување на македонскиот народ убедување дека е бугарски, вели:

„Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било бугарско царство.

Изненадувањето беше огромно. Можев да констатирам дека како бугарски елемент се чуствуваа само неколку богати луѓе, кои се беа доближиле до бугарската власт, интелектуалци кои се броеја на рака, а кои и припаѓаа на организацијата на нашиот народ (бугарскиот – авт.). Сите останати се чувствуваа како Македонци.

– Кој ги организираше специјалните служби за бугаризирање на македонскиот народ? (прашање на судијата – поротник*)

– Овие служби се организирни со решение на Министерскиот совет, а беа раководени директно од Министерството за внатрешни работи.

– Што се бараше од лицата кои беа испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македонија? (прашање на судијата – поротник *)

– Од нив се бараше да бидат задоени со идеата за бугаризација на македонскиот народ, и за задржување на овој крај (Македонија – авт.) по секоја цена, под Бугарија.

– Дали тие ја оправдаа довербата?*

– Да.

– Како?

– Со борбата којашто ја водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада – терор, ликвидација, егзекуција, палења итн.

– Кој всушност, го вршеше тоа – војската или полицијата?

– Заедно.

– Како се убивани Македонците?*

– Имаше стрелања, имаше случаи на претепување, а и фрлања во Вардар…“

(Од судењето на Асен Богданов, полициски начелник во Скопје, од книгата на Јован Павловски „Судењето како последен пораз“ Тетово 1977, стр. 75).