1903.05.14_Slovenec 109, Ljubljana

„… Голема борба стана во околината на Сер, во источна Македонија… падна исто и водачот Делчев, кај кого Турците го нашле целиот нацрт на македонската револуција. Дека тоа е вистина, потврдува и тоа дека разбрале за скривалиштето на востаниците.

Убиениот водач Делчев беше еден од најдобрите популарни мажи во Македонија. Беше чесен маж, огнен патриот, кој без почин се бореше за слободата. Како што живееше, така и умре. Се бранеше до последен здив. Неговото тело го агносцираа. …“