1968_Бугарски фалсификат за ‘Мемоарите на баронот Франсоа де Тот’ 1784

1968_Бугарски фалсификат за 'Мемоарите на баронот Франсоа де Тот' 1784

Бугарски лажирања:
Патеписот на Франсоа де Тот од 1784.

Баронот Франсоа де Тот во своите „Мемоари” од 1784 г., и во преводот на англиски јазик од 1785., запишал дека при престојот во Цариград најмил македонски работници. Македонци (НЕ Бугари, НЕ Грци, туку Македонци).

Бугарскиот „историчар“ Михаил Арнаудов во 1968. свесно и намерно го ЛАЖИРА податоков:
– „Баронот Де Тот многу правилно бележи дека бугарските работници за време на одмор ги воспевале победите на Александар Велики…”
Михаил Арнаудов – етнички Македонец, родум тетовец. Фолклорист, книжевен историчар, етнограф, член на Бугарската академија на науките – БАН, но и поткупен бугаромански (македонски предавник) пропагандист и лажатор.