2015.10.01_Грчки учебник по историја

2015.10.01_Грчки учебник по историја

ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

На Грците им се протна Македонија во учебник по историја! Ова е силен удар од внатре за јужниот сосед кој пред две години мавташе со книгата насловена "Европска картографија и политика – случајот со Македонија со која Грците сакаа на светот да му докажуваат дека Македонија секогаш имала грчки карактер. Поранешниот грчки шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос гордо ја презентираше оваа книга и пред медијаторот во спорот за името Метју Нимиц на една средба во Атина Ова е силен удар од внатре за јужниот сосед кој пред две години мавташе со книгата насловена Европска картографија и политика – случајот со Македонија со која Грците сакаа на светот да му докажуваат дека Македонија секогаш имала грчки карактер.

Картата на 130-та страница од книгата “Историја на модерниот и современиот свет (од 1815 до денес)” ја илустрира Европа за време на германската окупација. Проблемот за Грците е што во оваа карта, територијата на Република Македонија е наведена како – “Македонија”. Иако грчките средношколци учат од овој учебник уште од лани, “грешката” дури деновиве била откриена.

Грчката федерација на професори во средно образование (ОЛМЕ) веќе закажа средба на Одборот на директори во вторник со цел да побараат од грчкото министерство за образование итна корекција на именувањето на територијата на земјава со “Македонија”. Ова е голема грешка што е направена во книгата по историја за трета година средно и не беше идентификувана до сега. Ова е карта што покажува дел од Европа за време на германската окупација. Тогаш не ни постоеше името Македонија како опција за овој регион. Ако не грешам, тогаш Скопје беше познато како Јужна Србија или Вардарски регион. Книгата е уште од минатата година и не можам да разберам како до сега грешката не е детектирана. Во секој случај, означувањето на името “Македонија” е грешно во секој поглед и ние ќе ги преземеме неопходните чекори за тоа да се смени, вели генералниот секретар на ОЛМЕ во изјава за грчките медиуми. По обвинувањата се огласи и грчкиот министер з образование, Никос Филис кој рече дека не сака да дава изјави во врска со образовниот процес. Постојат законски образовни институции, кои ќе се справат со овие прашања. Како и да е, јасно е дека ПЈРМ не ја формираше историската област Македонија и секако географски исто така не е единствената што се наоѓа на тој простор, изјави министерот Филис. Ова е силен удар од внатре за јужниот сосед кој пред две години мавташе со книгата насловена “Европска картографија и политика – случајот со Македонија” со која Грците сакаа на светот да му докажуваат дека Македонија секогаш имала грчки карактер. Поранешниот грчки шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос гордо ја презентираше оваа книга и пред медијаторот во спорот за името Метју Нимиц на една средба во Атина. Јужниот сосед сметаше дека со таа книга, напишана од грчки автори, ќе претставува значаен алат во „борбата за националните интереси на меѓународно ниво“.