1924_Политика – ‘Шта прича Димитрије Стефанов?’, Београд

1924_Политика - 'Шта прича Димитрије Стефанов?', Београд

Димитар Стефанов: Не сум Бугарин, туку Македонец!
На самото запознавање, новинарот го прашува:
– Ти си Бугарин од Софија?
На тоа, Стефанов одговара: – Не! Јас сум Македонец од Штипско.

 

Димитар Стефанов бил професионален ликвидатор на ВМРО. Најпознат како извршувач на атентатите врз Петар Чаулев (1924) и Александар Протуѓеров (1928). Во 1924, по убиството на Чаулев, во неколку прилики тој истакнал дека е Македонец, македонски националист, а не Бугарин.

Занимливо е тоа што тој бил десничар, но и слеп следбеник на бугарскиот “тројански коњ” Ванчо Михајлов.

Како Македонец пред ВСВII, во 1938 година тој се зачленил и во софискиот „Македонски литературен кружок“ на Никола Вапцаров, кој што бил чисто македонска организација.

По убиството на Чаулев во Милано, Стефанов пред истражните органи изјавува дека е Македонец, македонски националист. Додека бил во затвор примил посета и дал интервју за Андра Милосављевиќ од белградскиот весник „Политика“. На самото запознавање, новинарот го прашал: – Ти си Бугарин од Софија?
На тоа Стефанов одговорил: – Не! Јас сум Македонец од штипско.

Димитар Стефанов е еден од многу заведени ванчомихајловисти и десничари кои се изјасниле само како Македонци, а не Бугари.

Како десничар, тој бил прогонуван, затворан и истиснат во социјалистичка Македонија.

Починал во Скопје, во 1970 година.