1944_Карта од нацистичкиот проект за Независна Држава Македонија

1944_Карта од нацистичкиот проект за Независна Држава Македонија

На 1 гроздобер 1944 година, Хитлер издал наредба за брзо прогласување независна Македонија. Нацистите знаеле за скорешната бугарска смена на страната на војување и за да го обезбедат повлекувањето на своите војски од југот се одлучуваат за создавање на т.н. Независна Држава Македонија. За изведба на проектот се потпреле на своите соработници на теренот. Најпрво на Ванчо Михајлов, потоа пробале со Христо Татарчев. Најпосле со докажани бугаромани, какви што биле Спиро Китанчев, Димитар Ѓузелов и Димитар Чкатров прогласиле таква државна конструкција која воопшто не добила на значење.

Она кое е вредно за нас е тоа што ако некому се дава државна посебност тогаш мора да постоеле претходни државни барања, претходни национално-историски основи за воопшто да се има идеја за размислување за еден таков проект каков што нацистите го замислиле. Ако тоа нацистите го знаеле зошто веднаш при прекројувањето на Европа не створиле НД Македонија!? Одговорот е едноставен – затоа што претходно ги исполнувале барањата на фашистичката Бугарија како нивен главен и традиционален јужнобалкански германски сојузник.

Види повеќе: Слобода или Смрт