Јане Сандански

Ние треба да работиме за будење на сознанието кај македонските маси дека се тие самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош, зашто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност, да не поробат.

 

• Писмо до жителите на Мелник, 1904 •

Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата.

 

• Рилски Конгрес, 1905 •

Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот … Tреба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат.

 

• Писмо од серскиот револуционерен комитет 20.01.1905 (Реформи, 22. IV. 1905/VII, бр 19, стр. 2-3) •

Личните завоjувачки апетити на соседните државички: Грциjа, Србиjа и Бугариjа, не можат да се смират и да jа примат девизата на Организациjата: Македониjа на Македонците. Мислата дека Македониjа може еден ден да се jави како самостоjна единица ги ужасува.Секоjа од тие држави фрла милиони за поткупи, употребува и наjподли средства, први се за да може да го привлече населението и Организациjата за своjата кауза и да го убеди надворешниот свет дека Македониjа е населена само со неjзини сонародници.