Никола Вапцаров

Во  ‘Реферат’ (1938) кој ќе го напише по повод основањето на кружокот, Вапцаров ќе истакне:

“ На нас, како Македонци кои пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени…Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила…Се случи така што во српска и грчка Македонија (Вардарска и Егејска), великобугарските утопии се оладуваат и јакне едно поколение инспирирано од лозунгот “Слободна и независна Македонија“. Тоа е најважната етапа од македонското прашање кое навреме не го забележавме и за чие преспивање носиме одговорност…Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха…Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме…“

Ние сме Македонци. И нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза…“

 

И Л И Н Д Е Н С К А

Вината не беше наша,
таа кај друг се крие,
и туѓи прсти тогаш
стотонска вина сторија!

 

• 1939 Софија •

Оваа земја,
сега што ја чекорам,
оваа земја,
која пролетен ветер ја буди,
оваа земја,
не е моја земја,
оваа земја
простете е туѓа.
В зори тргам.
По фабричен друм
безбројните
рубашки
минат.
Ние сме слеани со срце,
со ум,
но земјата… за своја не ја имам.
Над мојата земја
напролет
зраци
сеат
сјај
и грмат водопади
од сонце
над роден ми
крај
Чувствуваш длабоко
срцето на земната град
и гледаш цвеќа безбројни
скокум како раснат.
Над мојата земја
в небото
опира
Пирин
Облаците в бура
илинденски прикаски пејат,
охридскиот лазур е
бескрајно син и ширен,
а надолу уште
изгрејсонце Егеј го грее.
Си спомнам ли само –
и ете надојдува крвта
во срцето, кое
се топи од некаква нежност…
Земјо моја! Прекрасна земјо моја!…
Поена со крв,
лулеана
в тешки метежи.
По Беласица телени мрежи…