2007.10_ОМО Илинден – ПИРИН учествуваше на изборите во Бугарија

ОМО Илинден-ПИРИН учествуваше на изборите во Бугарија

Партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден-ПИРИН преку свои независни кандидати учествуваше на локалните избори што вчера се одржаа во Бугарија.

Нерегистрираната партија има свои кандидати во општините Сандански, Благоевград, Гоце Делчев и Петрич, а во Разлог ги поддржа кандидатите на Бугарскиот земјоделски народен сојуз, кои се приврзаници на ОМО Илинден-ПИРИН.

ОМО Илинден-ПИРИН учествува преку независни кандидати, бидејќи како нерегистрирана партија нема право да партиципира на изборите.

Бугарските власти ја укинаа партијата во 2000 година со образложение дека организира антидржавни активности.

Македонците во Бугарија, пак, очекуваат ОМО Илинден-ПИРИН за неколку месеци повторно да биде регистрирана бидејќи Европскиот суд за човекови права ги одби аргументите од страна на Комитетот на министри, кои бугарската влада ги изнесе за нерегистрирањето на оваа партија.