Вероучение – Поука 01

Вероучение - Поука 01

 

1. Што е човекот и која е неговата цел на земјава?

• Човекот е најизбраното видливо Божјо создание, бидејќи меѓу сите суштества на земјата, само тој е надарен со разумен ум, со благородни чувства и слободна волја. Неговата цел во светов е да Го познае, да Го љуби и да Го почитува Бога Сѐтворецот и Сѐдржителот и на тој начин да биде блажен, како во овој живот, така и во идниот. Во овоземниов живот блажен може да се нарече човекот којшто во своето расудување е задоволен со себеси и со својата положба. Во идниот живот блажен го нарекуваме оној којшто се удостоил да земе учество во вечниот живот. Земното блаженство не е потполно, бидејќи човековиот живот на земјава е краток и на неговиот пат стојат секакви пречки, а материјалните добра се суетни и непостојани. Само небеското блаженство е потполно, бидејќи е вечно, бескрајно.

=======МНА=======
Оддел: Духовен
Предмет: Црковна култура (бр. 1)
Тема: Вероучение на православниот христијанин
Датум: 28 Снежник 2022
објава: В-ИС_БС-СМ_1-35
=======МНА=======