Во американски банкарски магазин се наведува дека многу било корисно за банките да имаат службеници кои ги знаат јазиците на големиот број странски доселеници кои тогаш надоаѓале во САД. Така се наведува список од јазици за кои Првата Национална Банка од Питсбург обезбедила службеници кои ги познаваат.
„… Странски јазици кои се говорат во Првата Национална Банка од Питсбург ги вклучува Руски, Литвански, Полски, Германски, Француски, Бохемиски (денес Чешки), Унгарски, Slavish (Славјански ?), Хрватски, Српски, Италијански, Бугарски, Грчки, Турски, Шпански, Карнолијански (веројатно Словенечки), Моравски (денес Словачки), Македонски, Далматински, Кинески, Холандски и Фламански. …“
Посочил: Пољакот од Македонија