1943.11.23_Нацистички воен извештај – бугарските заблуди, Софија

1941+_Бугарското свештенство под нацистичкииот кукаст крст

Во германскиот извештај се утврдува дека Бугарија не ја разбира волјата на македонскиот народ.

Во доверливиот извештај од 23 студен 1943 година, испратен до германскиот воен аташе во Софија и наредбодавецот на воениот округ Бугарија, се проценува политичката состојба во Албанија и бугарско-македонската граница. Во извештајот за Македонците, кои биле под албанска, односно италијанска окупација, се вели дека сосема мал дел бил пробугарски расположен. Во анализата се укажува дека постојат „приврзаници кон една слободна самостојна македонска држава“. Творецот на извештајот претпоставува дека кај нив постои и комунистичко влијание бидејќи партизаните предводени од Петре Пирузев – Мајски се произнесувале како македонски ослободителен одред, а исто така во бугаро-македонскиот простор комунистите се водечки во ова „движење за независност“. Во извештајот се утврдува дека: „Денес Бугарија не ги разбира приликите во бугарска Македонија и изгледа дека не сфаќа зошто голем дел од Македонците се прокомунистички ориентирани. За време на постоењето на Југославија македонското малцинство свесно и намерно се сврте кон Комунистичката партија, зашто не можеше да им се придружи со другите граѓанските партии во Југославија, кои беа големосрпски и шовинистички“.

 

Посочил: Весник Илинден