Уште еден доказ за бугарското противмакедонство. Бугарската држава не само што не им помагала на Македонците, туку била против Илинденското Востание и општо против македонската борба за слобода.
„… МАКЕДОНСКО ДВИЖЕЊЕ
Е Силно Спротивставувано од Бугарската Влада
Виена, 4 тревен 1903 година – Сознанијата добиени тука од Софија, велат дека бугарската влада презема дејствени мерки против македонските бандити и има запленето големи количини од нивното оружје што било криено во Софија. Бугарската жандармерија на границата близу Добница отворила оган врз востаниците кои се обидувале да го прокриумчарат оружјето во Турција. Нови востанички банди се појавиле во областа Ѓумас (Румелија), а силни чети на турската коњица, почнала да ги потиснуваат со артилерија, кон преминот Кресна. …“
Посочил: Саша Узунов
Извор: azlibrary