1913.02.01_Russische Rundschau (Pavel Miljukow), p1-2, Wien

1913.02.01_Russische Rundschau (Pavel Miljukow), p1-2, Wien

Во австрискиот весник „Русише Рундшау“ рускиот општественик и политичар Павел Миљуков меѓу другото изјавил: „Македонците се борат за една, неделива Македонија, не прифаќаат децентрализација“.

Имено, Миљуков го забележал огромното незадоволство на Македонците од поделбата на нивната татковина Македонија меѓу трите соседи – Грција, Србија и Бугарија.

Миљуков говори и за тоа како македонските доброволци, кои ѝ се приклучиле на бугарската армија за да се борат во Македонија, биле искористени и со тоа што Бугарија ги испраќала на источниот фронт – во Тракија, што подалеку од нивната татковина.

Миљуков, инаку, бил пратеник во руската Дума, професор на Софискиот универзитет и докажан бугарофил. Познат е и како составувач на тнр. „Карнегиев извештај“ од наредната 1914 година. Всушност, повеќето руски политичари и интелектуалци во тоа време се однесувале како бугарски лобисти, меѓу другото и бидејќи самиот бугарски национализам и создавањето на Бугарија како држава и нација, е пред сѐ – руска замисла и гео-политички проект.

Меѓутоа, бугарофилот Миљуков во одредени написи не може да ја избегне реалноста и пишува за Македонците како одделен, засебен ентитет, па дури и говори за македонска нација.

– „Водачот на кадетите, П. Миљуков кој како што е познато, пред кратко време се врати од едно балканско патување, известува во ’Ријеч‘ за македонскиот став, кој, како што тој изјавува, без сомнение постои, но којшто сите интересенти, со исклучок на самата Македонија, се трудат да го заборават.

Македонскиот став е една единствена и неделива автономна Македонија, една Македонија за Македонците. Тоа во никој случај не е значи поделба на Македонија, на што во мигов работат Бугарите, Србите и Грците.

Македонија според оваа поделба повеќе не би претставувала правен субјект, туку предмет на трговија. Идејата за поделба додуша е стара, но таа е идеја на соседните нации, не на самата Македонија.

Миљуков натаму раскажува како околу 15.000 доброволци (Македонци, во Бугарската армија) кои би сакале да се борат во својата татковина, а биле пратени во Чаталџа, Родосто итн. испратени таму каде што нивното расположение во никој случај не беше розово.”

Притоа, австрискиот весник појаснува дека, особено по последниот српско-бугарски договор за поделба на Македонија, Македонците никако не би прифатиле денационализација од кого и да било.

 

Посочил: Macedonia: a True Endless Story …