Во весникот „Балканска федерација“ во 1929 година е објавена петиција, потпишана од 157 светски умственици (интелектуалци), меѓу кои и Алберт Ајнштајн со барање за слобода и автономија за македонскиот народ.
На умствениците им бил даден прашалник (анкета) изготвен од весникот „Балканска федерација“, за состојбата со Македонците и Македонија – за разрешување на македонското прашање, во склопот на признавање на малцинските права на поробените и поделените балкански народи.
Произнесување од весникот: ‘Трагичната судбина на македонскиот народ нѐ повикува да се бориме за неговото ослободување, зашто стенка под многу пострашно ропство од турското. Реакционерните владејачки режими сакаат да го претопат (асимилираат) и уништат тој народ заедно со македонското прашање.
Тамошните режими преку убиства и грабежи ги принудуваат Македонците да ги напуштат своите родни огништа и да бараат спас во масовно иселување (емигрирање). Оваа страшна трагедија се случува поради господарењето во сите балкански земји на една бесна реакција, на страшен и бел терор’. …“
Посочил: Види Види 1 и 2
Извор: „Our survey of European political and literary figures on the Balkan federation. Albert Einstein.“