Делата на Унгарците
Унгарски летопис во кој се спомнуваат Македонците. Запис за раната унгарска историја напишана од непознат автор.
На македонски:
„… Неколку дена Совард и Кадоча, заедно со целата своја војска држејќи го знамето високо ги преминаа водите на Дунав, го зазедоа замокот Баранц, а потоа маршираа кон замокот Сежередиц.
Кога народите на Бугарите и Македонците го слушнаа тоа, се исплашија многу. На ова жителите на таа земја испратија свои пратеници со многу подароци да им ја предадат земјата и да ги предадат своите синови како заложници.
Совард и Кадоча подготвени за мир земајќи ги подароците и заложниците го оставија народот во мир и слободен како да се нивни луѓе и продолжија понатака кон Василовата порта. …“
Посочил: Пољакот од Македонија