Бргу пристигнавме во гратчено Вардар Јениџе. Таму сe живо беше раздвижено, затоа што сите беа во подготвување за панаѓурот, кој се одржува секоја година и трае осум дена… …Турскиот град во внатрешноста е следбеник на нему блискиот старомакедонски главен град и од него тој ја наследил градската сила и годишниот панаѓур. Со тоа Јениџе не е ништо друго, туку поместена Пела.
“Reise vion Belgrad nach Salonik”, J.G.V. Hahn, Wien, 1868, стр. 200, цит. според Александар Матковски.
Јохан Хан бил уште еден Германец кој работел во грчката влада во времето на кралот Отон.