1944_American Office of Strategic Services (OSS)

„… Македонија дефинитивно не припаѓа кон српската страна … Народносно, национално, општествено, психолошки и историски, Македонците се разликуваат од Србите. Тие јазички повеќе се разликуваат од Србите, отколку што се разликуваат Србите од Хрватите. Сепак, Македонците не се хомогена нација… Македонските Словени, најголемата народносна група, претставува одвај 30 отсто од целокупното население. Македонскиот национализам е многу неприроден. Тие се група на народ поврзана со земјопиосниот чинител, со слична општествена структура и историско минато. Тие не се обликувани во цврста национална единица. Но, нивната независност, пред сѐ, се оправдува со поставката дека тие се разликуваат од сите соседни народи – не се Албанци, ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби, а имаат организирано силно движење за самостојност во рамките на јужнословенската федерација.

Вклучувањето на Македонија во Југославија е оправдано од следните причини:

Југословенска Македонија е пиемонт на сите Македонци;
– Борбата на југословенска Македонија беше промовирана во оваа војна од антифашистичките сили, како спротивност на бугарска Македонија поддржувана од Оската или за целосно ‘независна’ Македонија заговарана од Ванчо Михајлов, кој беше држен од Хитлер во резерва…
– Народно ослободителното движење на Југославија… се чини беше најсилна сила која даваше гаранција за реализирање на долго очекуваното обединување и автономија на македонскиот народ.

Несоздавањето на македонска држава е една од грешките на историјата, односно историски лапсус. Еден фер плебисцит би резултирал со слободна Македонија. …“

 

Посочил: Портал Денешен