Секаде каде што во Библијата се употребуваат поимите Македонија и Македонците се третираат како поими кои означуваат посебен народ и земја. Никаде нема показател (индиција) за поврзување на Македонија како дел од Хелас или пак на Македонците како дел од хеленски народ.
Библиски цитати:
Дела 19:21
Кога се сврши тоа, Павле науми во духот, поминувајќи низ Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, велејќи: „Штом ќе бидам таму, треба да го видам и Рим.”
Римјаните 15:26
зашто Македонија и Ахаја одлучија да соберат некаква заедничка помош за бедните меѓу светите во Ерусалим.
2 Коринтјаните 9:2
зашто ми е позната вашата усрдност, за која се фалам со вас пред Македонците, дека Ахаја, уште од лани, е приготвена и дека вашата ревност поттикнала мнозина.
1 Солуњаните 1:7
така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја.
1 Солуњаните 1:8
Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се расшири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.
Дела 19:29
И целиот град се побуни и еднодушно навлегоа во театарот и ги одвлекоа Македонците Гај и Аристарх, Павлови сопатници.
Дела 27:2
Влеговме во еден адрамиски брод, кој ќе пловеше во азиски приморски места и испловивме; со нас беше Аристарх, Македонец од Солун.
2 Коринтјаните 9:4
и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние, да не речам вие.
Зборовите Грција, Грци сѐ уште не постоеле. Во изворните текстови стојат зборовите Хелас и Хелени.
Хелените биле припадници на религиско-филозофска култура која изворно започнува на просторот од Ахаја за понатаму да се распространи кај многу народи пред сѐ по бреговите на Средоземно и Црно Море. Хеленизмот се ширел повеќе кај аристократските кругови помалку кај обичниот народ и не бил определен со крвната поврзаност. Додека денешниот збор Грци се однесува на народносна припадност. Од таму историски и јазично воопшто не е оправдана нивната употреба (толкување или превод) како да се со истоветно значење (синоними).