Уште еден средновековен извадок од бугарски извор кој укажува дека православните Славјани општо биле нарекувани Бугари. Бугарските кнезови војувале против Солун. Меѓу нив како бугарски кнез е наведен и Десимир Великиот Кнез Моравски.
Слободен македонски превод:
„… Бугарите слушнале за мене. И Великиот кнез Десимир Моравски и Радивој кнез Преславски и сите кнезови бугарски се собрале околу Солун и војуваа 6 години, крв голема се пролеваше и рекоа: дајте ни еден од нашите. Така мене ме испратија, Ме поведоа мене Бугарите со голема радост и ме одвоедоа во градот Равен на реката Брегалница. Јас им ги напишав нивните букви. Ги поучував и многумина самите преминаа. Тие се заколнаа натаму да ѝ се предадат на Православната Вера Христова. …“
Free English translation: “… The Bulgarian heard of me, the Great Knez Desimir of Moravia, Radivoi Knez of Preslav and all of the Knez bulgarian gethered together around Solun, and fought for the great blood and talked: send us a one of ours. So they sent me. The Bulgarians received me celebrant and brought me in the town Ravn on the river Bregalnica. I wrote them their letter (characters). I teach them, and many of them converted on their own. They swore to give the Orthodox Faith of Christ further. …”
Ова се поклопува со словото на Константин Филозов во тиквешкиот препис „Солунската Легенда“. Во него се вели: „… И еден ден, застанав во големата црква на александриската патријаршија, а од олтарот ми проговори глас: Кириле, Кириле, појди во пространата земја меѓу славјанските народи што се наречуваат Бугари“. Откако дошол во Солун и раскажал за својата цел, митрополитот му рекол: „О безумен старче, Бугарите се човекојадци и тебе ќе те изедат!“ Но откако преку ноќ го заборавил грчкиот, а го научил славјанскиот јазикот, бил повикан кај митрополитот и тогаш тој чул како: „Бугарите.. зборуваат за (него); великиот кнез Десимир Моравски и Радивој, кнез праславски и сите кнезови бугарски се собраа околу Солун и за три години многу крв пролеаа, велејќи ‘Дајте ни го човекот што ни го испратил Бог. И така ме дадоа мене’. …“
Посочиле: DragonGirl и Портал Македонска Нација