22.01.1871 – Весник “Право”, Цариград
Велико – бугарските шовинисти го поврзувале користењето на македонското наречје како пишан јазик со ОЧИГЛЕДНО ПОСТОЕЧКИОТ македонски национален сепаратизам (некогаш биле во право но некогаш и во заблуда, понесени од својот шовинизам).
—
По игра на интриги, и Кузман Шапкарев, (докажан жесток поборник за бугарската национална идеја иако етнички Влах со родено име Козма Паскали), бил набеден од свој соперник, дека е македонски националист; дека за него бугарскиот јазик бил “шопски” итн… само затоа што ја согледал потребата на Македонците да си ги запазат јазичните особености, па учебниците ги пишувал на македонски…
—
Пријателов на Шапкарев што се обидува да го оправда (и да го избави од негативни последици) ги има иницијалите на Григор Ставрев Прличев, кој исто е еден од македонските поборници за кодифицираниот литературен јазик да се “македонизира”, односно да биде разбирлив за сите славојазични во Османлиското Царство…