1957_Работническо дело, Христо Калајџиев, Софија

 

„… Се навршуваат 54 години од херојската смрт на пламениот борец револуционер, на великиот син на македонскиот народ, Гоце Делчев. Неговото велико дело свети се појарко, а неговиот подвиг и денес ги вдахновува борците за слобода, за мир и за разбирање меѓу народите.

Гоце Делчев не пишувал книги, нема ни запишани негови говори. Во неколку писма и со неколку мисли, меѓутоа, тој ни ја дал јасно својата идеолошка позиција и својата борбена, политичка линија.

Тоа се овие мисли:

1. Срамно е да ги чепкаме своите рани, за да предизвикуваме сожаление на царевите и императорите;

2. Јас светот го разбирам единствено како поле за културен натпревар меѓу народите;

3. Ослободувањето на народот е дело на самиот народ;

4. Јас не ги мразам Османците како народ, јас војувам против Османската империја како господаречки систем и др.

Во текот на целиот свој свесен живот, Гоце Делчев војувал против разни видови врховисти, кои што си играа востание преку навлегување на неколку стотини четници во поробена Македонија и предизвикуваа бесмислени страдања на народот. Тој се бореше неуморно против мешањето на управувачките буржоаски клики што се стремеа да го прикачат македонското дело кон колата на сопствената завојувачка политика, поткрепувана од западните империјалистички сили.

Апостолот на македонската револуција Гоце Делчев работеше сеоддајно, ги организираше македонските народни маси, му вдахнуваше доверба на народот во во неговите сопствени сили, го учеше на цврстина во борбата. …“

 

Посочил: Портал Денешен