1903.10.28_Albuquerque Morning Journal – Victory for the Turk

1903.10.28_Albuquerque Morning Journal

 

 

„… ПОБЕДА ЗА ТУРЧИНОТ.
Војната на Балканот практично е завршена, а Турчинот, како и обично, излезе победник. Крутиот однос на големите сили кон Балканското прашање имаше последици врз бунтовните Македонци. Не успевајќи да примат поддршка од Христијанските нации од Европа, која очекуваа да ја добијат, тие се откажаа од безнадежната борба и се предаваат на Турците. Пристигањето на зимата и прогласот на Султанот за доделување опрост за тие кои ќе се предадат без сомнежи се значајни чинители за ставање на крај на востанието. Можно е дека постојат некои нерегуларци кои ќе се вратат на старо-времското четништво, добивајќи поддршка и охрабрување од револуционерниот Македонски комитет, но оската на бунтот против Турските власти без сомнежи е скршена. Комитетот можеби нема да прекине во неговите напори да поттикне револуција во некое погодно време во иднина. Всушност и ги објавува своите намери за да ги продолжи нападните дејства повторно напролет, ако дадените владини суштински промени не се во меѓувреме востановени.  Ова може да се смета како обид „за спас на образот“, за моќта на комитетот која има сериозна штета направена од правецот прифатен од водечките Европски влади. Вториве без сомнеж ќе настојуваат Султанот да ги спроведе промените во Македонија за кои тие се единствени во барањето. Нема да има разумен изговор за одлагање на примената како што поредокот биде повратен во зафатената покраина. …“

 

…“